5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Нова цена на горивата од полноќ

По празниците Регулаторна Комисија за енергетика треба да ја објави новата цена на горивата во Македонија.

Пред две недели цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 0,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 46,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,861ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.12.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 28,176 ден/кг.

Останува да видиме дали не чека зголемување или намалување на цената од полноќ.

НАЈНОВА ВЕСТ
ПОГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА

Спонзорирано: