3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Нема поубава вест за почеток на 2019-та: Драстичен пад на цените на горивата во Македонија

Пост празнично, големо намалување на цените на горивата.

На денешната седница на регулаторното тело беа донесени одлуки за намалување на цените на бензинот и нафтата.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
намалуваат за 2,50 денари за литар , во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 денари/литар.

Најголемо намалува има кај малопродажните цени на дизелото и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кои се намалуваат за 3,00 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 55,00 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 43,50 денари/литар.

Спонзорирано: