13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силно снежно невреме коси низ Европа – има веќе и загинати

Најмалку шест лица загинаа во инциденти поврзани со лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија.

Властите на овие земји предупредија на ризикот од лавици во Северните Алпи.

Германската полиција соопшти дека 44-годишен маж во Вакерсберг, Баварија, загинал кога врз него паднале гранки кои се скршиле под тежината на снегот, пренесе агенцијата АП.

Во Баварија загинала и една жена во инцидент поврзан со временските неприлики.

Во Швајцарија една жена затрупана од снег минатата недела во кантонот Ури починала од здобиените повреди, изјавија официјални лица.

Во Австрија, тројца скијачи загинаа во лавина за време на викендот. Околу 40 спасувачи со кучиња трагачи бараат двајца скијачи, недалеку од Хохенберг во Долна Австрија.

Поради ризикот од лавини, патот и целата ски-област во Хохкар се затворени. Во австрискиот регион Штајермарк и во некои делови на германската покраина Баварија денес училиштата се затворени.

Спонзорирано: