12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Народно верување: Ако на денот на венчавката паѓа дожд, што ве чека во животот?

За љубовта и свадбите во народот има многу верувања. Ова се некои од нив:

Кога двајца ќе се удрат со главите во желба да подигнат нешто, ќе се засакаат.

Ако секогаш јадеш сè од чинијата, ќе имаш убав/а маж или жена.

Кога за тебе ќе се закачи некоја гранка, тоа е знак дека некој те обожава. Гранката не треба да ја газиш, туку да ја тргнеш со рака.

Ако најдеш јајце со две жолчки, некој наскоро ќе се венча.

Ако во гардеробата најдеш бел конец, на тебе мисли црно момче / девојка.

Ако ти испадне нож и се забоде, ќе доживееш неверство од личноста која ја сакаш.

Немој да го менуваш вереничкиот прстен, за да не ти се промени животот.

Ако на денот на венчавката паѓа дожд, невестата ќе плаче во тој брак.

Спонзорирано: