21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп размислува да прогласи итна состојба за да изгради ѕид со Мексико

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека размислува за употреба на своите извршни овластувања за изградба на ѕид на јужната американска граница со Мексико.

Тој им кажа на новинарите дека официјално би можел да прогласи национална итна состојба за изградба на граничниот ѕид, но дека сака да преговара со Конгресот околу ѕидот.

,Јас можам тоа да го направам ако сакам. Можеме да го прогласиме итна состојба. Би можел тоа да го направам”, рече тој.

Трамп изјави дека несогласувањата со членовите на Конгресот околу ѕидот, поради што дојде до делумно блокирање на сојузната влада, ќе бидат решени и пред очекуавњата на сите.Тој рече дека им пренел на водачите на Конгресот дека делумното блокирање на владата може да трае со месеци и години, но додаде дека не верува дека тоа ќе се случи.

Во САД од 22 декември трае делумно блокирање на администрацијата поради конфликтот околу барањето на Трамп за финансирање на изградба на ѕид на границата со Мексико.

Спонзорирано: