10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Шекеринска: Јас лично бев жртва на Груевски

Министерката Радмила Шекеринска беше гостинка во дневникот на 1ТВ каде говореше за минатата власт и Груевски.

– „Заедно со многу граѓани бевме на улица и успеавме со пенкало да победиме. Некои со крв, но повеќето со пенкало. Сметаме дека имаме морално право да кажеме да – за амнестија врзана за 27 април во која нема да бидат вклучени насилниците и организаторите. Ниедна промена не е лесна ни безболна. Но сметаме дека амнестијата за одреден дел од учесниците на 27 е април е цена која што  ние ќе ја платамие, но се е за повисока цел – евроинтеграции, истакна таа за 1ТВ.

Додаде дека лично таа била жртва на Груевски.

– „Јас лично бев директна жртва на Груевски. Ништо не му должиме и немаме ниту потреба ни логика да правиме дил со таков човек. Јас сум нестрплива, но понекогаш правдата е спора. Јaс повеќе би сакала и очекувам од обвинителот да добиеме точнeн извештај и истрагата да докаже кој се бил соучесник, а со тоа да се спречи повторување на ваков случај. Не ни е цел да ја спасиме државата а да ја изгубиме правдата, вели министерката.

Спонзорирано: