19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Први вестиМАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка вечерва – Се исчукаа неколку возила поради снегот, има и повредени

На социјалните мрежи се споделувааат фотографии од излизгани автомобили на влезот во Штип во близина на Три Чешми.

„Внимателно на Три Чешми во близина на влезот пред Штип од патниот правец Велес – Штип. Сообраќајна несреќа во која учествуваат шест до седум возила од кој некои влетаа отпосле по првичната сообраќајка. Има луѓе на патот покрај возилата кои чекаат полиција и шлеп-служба. Внимателно за да не дојде до жртви“, се вели во апелот на социјалните
мрежи.

ТВ 21 јавува за повредени.

Вечерва на патот Велес – Штип се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа 6-7 возила. Како што изјавија за ТВ 21 од СВР Велес, несреќата се случила кога едно возило поради лизгавиот пат, удрило во столпчиња на патот, а потоа неможејќи да се контролираат, уште неколку возила удриле едно во друго. Има потврда за три полесно повредени лица, јави тв21.

Спонзорирано: