Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Родителите да не се грижат што нивните деца растат пред екрани, смируваат експертите

Постојат малку докази дека екранот од уредите, како мобилен телефон или таблет, е штетен за децата, посочува едно британско истражување за ова прашање, објави Би-би-си. Истражувањето следи по дебатата за тоа дали треба на децата да им се ограничи времето на користење на уреди.

Водечките педијатри изјавиле дека родителите треба помалку да се грижат во однос на ова прашање.

Меѓудругото, упатството препорачува да не се користат уреди во вечерните часови, односно пред спиење на децата. Експертите советуваат дека е важно употребата на уредите да не го замени сонот на детето, вежбањето и времето со семејството.

Во меѓувреме, посебна студија покажа дека девојчињата на возраст од 14 години, имаат двојно поголеми шанси да покажат знаци на депресивни симптоми поврзани со користењето социјални медиуми во споредба со момчињата.

Во тренд…