11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Поради грешка, билетите на „Катај Пацифик“ намалени за 95 отсто

Авиокомпанијата „Катај Пацифик“ направи грешка минатата недела, нудејќи им на патниците билети за прва класа по цени намалени за 95 отсто.

Оние најсреќните, кои брзо ја забележаа понудата, веднаш купија билети за летовите од Виетнам до неколку градови во Северна Америка по цени почнувајќи од 675 американски долари. Истите тие билети вообичаено чинат неколку илајди долари.

Но, и покрај тоа што се работи за грешка, од авиокомпанијата рекоа дека ќе го испочитуваат своето ветување и на патниците кои ги купиле овие билети ќе им дозволат да летаат. Тие на својот „Твитер“ профил напишаа дека се надеваат дека ова на нивните патници ќе им ја направи годината „посебна“, додавајќи дека ја научиле својата лекција.

Веста за ниските цени на билетите брзо се рашири на интернет благодарение на многуте блогери кои веднаш ја објавија истата.

За споредба, билет за прва класа од аеродромот „Да Нанг“ во Виетнам до „ЏФК“ во Њујорк со компанијата „Катај Пацифик“ чини 16.000 долари.

Авиокомапнитите кои ќе направат ваква грешка вообичаено не ги признаваат билетите купени по пониски цени како резултат на таа грешка бидејќи не се обврзани да го прават тоа.

Спонзорирано: