10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Камион удри во пешак на патот Штип-Велес

Педесет и седумгодишна жена е тешко повредена откако во неа удрил камион на патот Штип-Велес, кај кртосницата Овче Поле.

Според информациите од полицијата, несреќата се случила вчера околу 18,55 часот кога Г.С.(48) од Скопје со камион „опел мовано” со скопски регистарски ознаки, удрил во М.Г.(57) од Свети Николе.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa М.Г., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Клиничка болница Штип, од каде по укажана лекарска помош е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

Спонзорирано: