17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Време: Студ ќе ја окова Македонија – очекувајте многу снег

Синоптичарите најавуваат голема промена на времето во текот на денешниов ден што ќе започне попладнево. кога под влијание на студен и влажен бран и во текот на ноќта, како и во четврток ќе има врнежи од снег, кои пообилни ќе бидат во западните и јужните делови од земјава.

Според УХМР насекаде ќе се формира нова снежна покривка, на западот и југот околу 10 см, на планините и над 20 см, а најмала во североисточните делови (околу 5 см). Поради засилениот северен ветер можна е појава на снежни наноси.

Потоа во наредните денови ќе биде променливо облачно и студено со многу ниски утрински температури и со слаби локални врнежи од снег. Најсончево ќе биде во сабота.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Прогноза за 04.01.2019
Променливо облачно и студено, во источните делови со локални врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Минимална температура: -9°C до -3°C
Максимална температура: -7°C до 0°C

Прогноза за 05.01.2019
Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минимална температура: -14°C до -5°C
Максимална температура: -6°C до 1°C

Прогноза за 06.01.2019
Променливо облачно, во северните делови со слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.
Минимална температура: -13°C до -6°C
Максимална температура: -3°C до 6°C

Спонзорирано: