Рецепт за најубавата посна салата со компири, моркови и кисели краставички

Сочна и едноставна салата од компир која ќе ја обожавате!

Состојки: 1 кг компир, 150 гр целер, 1 главица кромид, 500 гр моркови, 250 гр посен мајонез, 200 гр кисели краставички, 1 лажица сенф, малку бибер, неколку лажици оцет од тегла од краставиците

Начин на подготовка: Зеленчукот добро измијте го и сè згответе во лушпа. Оставете да се излади, па излупете.

Изрендајте ситно краставици, измешајте со мајонез, сенф, посолете и побиберете. Додајте и оцет. Компирите исечете ги на тенок помфрит.

Филувајте на чинија на која ќе ставите калап. Ред компири, намаз, изрендан морков и целер, повторно ред компири и така наизменично.

Оставете ја салатата во фрижидер да стегне и вкусовите да се спојат. Тргнете го калапот и декорирајте. Салатата можете да ја измешате и во чинија.

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: