23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТЕХНОЛОГИЈА

Откриени патенти за три производи кои би можеле да го трансформираат „Епл“

Серија штотуку одобрени патенти откри дека „Епл“ размислува за развој на мултиплеер игра, апликација за групен превоз, па дури и за сопствена облека. Тоа се концепти кои се меѓу 43 патенти што добиле одобрување.

Иако ваквите документи не гарантираат дека „Епл“ своите идеи ќе ги претвори во стварност, истите дефинитивно даваат увид во плановите на компанијата која очигледно има намера да ги прошири своите хоризонти.

iClothing

Преносливите уреди на „Епл“ се речиси неприкосновени, па само во текот на 2018 година оствариле добивка од 10 милијарди долари.

Сега се чини дека технолошката компанија сака ваквиот успех да го повтори и со сопствена линија на облека.

Имено, на „Епл“ му е одобрена лиценца за патент што се однесува на „паметна ткаенина“, која во голема мера наликува на многу нано материјали кои овозможуваат интегрирање на OLED екрани во облеката.

Убер за „Епл“

Компанијата исто така ја разгледува идејата за такси сервис, кој би бил интегриран во „Епл“ мапите.

Доколку овој патент стане реалност, корисниците веќе нема да треба да отвораат посебни налози за Убер или Лифт, туку би користеле податоци од App Store за плаќање на превозот.

Мултиплеер гејминг систем

Во најмала рака, „Епл“ доби патент за онлајн простор за мултиплеер игри. Плановите покажуваат интерфејс кој се користи за многу онлајн мини игри и тој може да послужи како основа за голем број на проекти.

Во прилог на оваа идеја е и фактот дека компанијата доби патент за ајфон или ајпад уреди со екран преку цела предна страна, кои би можеле да се користат како контролери, како оние кај „плејстејшн“ или „ексбокс“.

Спонзорирано: