„Епл“ го намалува производството на ајфон модели поради слаба побарувачка

Брокерската куќа „City Research“ ја намали прогнозата за производство на ајфони за првиот квартал од 2019 година и речиси ги преполови очекувањата за најскапиот модел „XS Max“.

Со тоа, „City Research“ се приклучи на низа други брокерски куќи во однос на слабите прогнози, по серијата извештаи за ниска побарувачка на ајфон моделите, објави агенцијата „Ројтерс“.

Според прогнозите на куќата, се очекува „Епл“ да произведе 45 милиони ајфони во овој квартал, што е помалку од претходно предвидените 50 милиони.

Намалувањето на проекциите главно е резултат на слабите прогнози поврзани со моделот „XS Max“ (со почетна цена од 1.099 долари), чие производство, според проценките на „City Research“, ќе биде намалено за 48 проценти.