13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Ендру Куомо: Единствената закана за САД доаѓа од внатре

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, кој го освои третиот мандат, одржа говор во кој ја критикуваше политиката на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тој рече дека „единствената закана за Америка доаѓа од внатре”.

АП оценува дека Куомо, иако тврди дека не е претседателски кандидат, звучи така.

Тој, како што е посочено, изјавил дека во првите 100 дена од својот трет мандат ќе ја претстави „најпрогресивната агенда која оваа држава некогап ја видела.”

„Ќе направиме историја, а Њујорк ќе напредува, не со изградба на ѕидови, пријатели, туку со изградба на мостови и изградба на аеродром и создавање на нови работни места за средната класа, и економска иднина за генерациите што доаѓаат, како и презентација за тоа колку добро може да биде сето тоа ако сме заедно”, рече Куомо.

Тој посочи дека државата се соочува со огромна „социјална депресија”.

„Фрустрацијата на луѓето се претвора во страв, стравот се претвора во гнев, а гневот се претвора во конфликт“, додаде гувернерот на Њујорк.

Како три главни цели на новата година, тој ги посочи легализацијата на употребата на марихуана во рекреативни цели, воведувањето на систем на правила во законот во однос на правото на абортус и поправка на метрото во Њујорк.

Спонзорирано: