15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Британeц освои неверојатни 115 милиони фунти на лото

Сопственикот на добитното ливче е на четвртото место на најголеми добитници на лотарија во Британија, велат организаторите.

Тој на националната лотарија во Велика Британија освоил речиси 115 милиони фунти. Извлекувањето на „Евромилион“ е организирано на првиот ден од 2019 година.

Националната лотарија соопштила дека ова е четврта по големина сума во историјата на Британија, по низа големи лотариски добитници во изминатите години.

Уште десет играчи на лотарија од Велика Британија добија само по пет милиони фунти.

Добитните броеви биле 1,8, 11,25,28, а на среќката испаднале броевите 4 и 6.

Токму овие броеви на своето добитно ливче ги имал Британецот кој доби точно 114.969.775,70 фунти.

Спонзорирано: