23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТИЗБОР

Албанија тргнува напред: Се затворија казината и обложувалниците, а ќе се дели и по 3000, 6000 и 9000 евра за секое прво, второ и трето новороденче

Новата година донесе големи бенефиции за албанскиот народ, но и драматични одлуки кои Владата на Еди Рама ги донесе изминативе два месеци.

Првата вест е дека се затвораат сите обложувалници и казина кои се наоѓаа на секој чекор низ градовите.

Сега ако некој сака во казино ќе мора да оди во хотел со пет ѕвезди, и тоа надвор од урбаните места.

Министерот за внатрешни работи деновиве предупреди дека од први јануари секоја од обложувалниците која нема да биде затворена ќе се третира како парцела со марихуана.

Втора многу значајна одлука е двојното намалување на тарифата за студирање, одлука која ја донесе Владата по масовните студентски протести.

На сила стапи и одлуката која е во интерес на земјоделците, за кои таксата од 20 проценти за увоз на земјоделска механизација се укинува.

Како многу значајна се оценува и одлуката за паричен надоместок за новороденче. Родителите за нивното првородено дете ќе добиваат по 400.000 леки (за едно евро се добиваат 124 леки), 800.000 за второ и 1,2 милиони леки за третородено дете. Доколку бидат близнаци или тројка секое дете ќе добие по еден од споменатите износи.

Првите чекови премиерот Еди Рама им ги врачи денеска на мајките на новороденчињата во клиниката „Кочо Гложени“ во Тирана.

Спонзорирано: