5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Рики Мартин и неговиот сопруг станаа родители на девојче

Пејачот Рики Мартин на Инстаграм објави дека го добил неговото трето дете, ќерката Лусија. Тој објави фотографија од раката на бебето и напиша дека заедно со неговиот сопруг, арапскиот уметник Џван Јозеф и 10-годишните близнаци, се вљубени во Лусија.

„Пресреќни сме што станавме родители на преубавото и здраво девојче Лусија Мартин Јозеф. Ова се посебни моменти за нас и одвај чекаме да видиме каде ќе нè одведе ова прекрасно бебе. Сите сме вљубени во неа, и нејзините прекрасни браќа и Џван и јас“, напиша Рики Мартин.

Џван и Рики Мартин ја посвоија Лусија. Пејачот во 2008 година, пак, стана татко на две момчиња-близнаци, кои му ги роди сурогат мајка.

Рики Мартин во 2010 јавно објави дека е хомосексуалец.

„Да продолжам да живеам како што сум живеел досега би значело индиректно да ја затемнам светлината со која беа родени моите деца. Доволно е. Ова мора да се промени. Ова не требаше да се случи пред 5 или 10 години, треба да се случи сега. Денес е мојот ден, денес е моето време и ова е мојот момент. Горд сум што можам да кажам дека сум среќен хомосексуален маж. Многу сум благословен да бидам она што сум“, напиша тогаш Мартин на неговата официјална веб-страница.

Претходно остро ги негираше гласините дека е хомосексуалец. Така на пример, во интервју за „Мирор“ во 2000 година тој изјавил: „Претпоставувам дека гласините се шират од луѓе што немаат свој живот или можеби затоа што сакаат да бидам повеќе како нив, а јас не сум. Се обидувам да не им обрнувам внимание на тие тврдења. Можев да бидам оженет и да имам деца со години или да имав 27 девојки, и ако луѓето сакаат да кажуваат наоколу дека сум геј, тие повторно ќе го правеа тоа.“

За списанието „Плас 7 дејс“ пред неколку години, пак, рекол: „Ако сум геј, зошто не би признал? Јас сум нормален маж, кој сака жени и секс. Јас сум вистински Порториканец со жешка крв, но никогаш не ме привлекувале мажи“.

Спонзорирано: