8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ципрас пред нова година откри кога Македонија ќе почне протокол за НАТО

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска одржа предновогодишен брифинг со новинарите на кој потврди дека Преспанскиот договор најверојатно нема да биде ратификуван во грчкиот парламент пред март.

– Преспанскиот договор ќе се ратификува во грчкиот парламент навреме, според предвиденото, но не можам да потврдам дека тоа ќе се случи пред март. Неколку дена подоцна, поради технички причини, ќе започне протоколот за прием на земјата како членка на НАТО. Не треба да се крева никаква паника околу тоа, рече Ципрас, пренесе Фактор.