15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична за скопјанецот кој го изврши убиството во Ѓорче Петров

Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 25-годишниот скопјанец С.T.., поради основи на сомневање дека извршил кривично дело „убиство“ казниво по член 123 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„На 28.12.2018 година околу 21:30 часот на улицата Шарпланинска во Скопје, по претходно договорена средба, пријавениот со пушка „црвена застава“ испукал два патрона во Н.Д. на возраст од 38 години, исто така од Скопје, кој седел во патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ и го убил. Пријавениот потоа ја ставил пушката во возило „Пежо 106“, со кое бил дојден, и го напуштил местото на настанот“, инфомираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека по убиството тој појаснил дека во неколку наврати, од Н.Д. земал пари, а по претходен договор, требало на 28 декември во 21:00 часот да му врати дел од парите. По кажување на пријавениот, Н.Д. во два наврати, неколку дена претходно му упатувал закани доколку не ја врати сумата на пари, како што претходно се договориле, инфомираат од полицијата.

Од МВР додаваат дека 25-годишниот скопјанец е уапсен.

Спонзорирано: