14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ФЗОМ: Рекорден буџет од над 500 милиони евра за осигурениците за 2019 година

Во 2019-та година осигурениците на Фондот за здравствено осигурување ќе добијат рекорден буџет од триесет милијарди и седумстотини деведесет и два милиона денари, односно над 500 милиони евра, информираат од ФЗОМ.

Новото зголемување за 2019 година е за над 2 милијарди и двестoтини милиони денари, споредено со почетниот буџет за 2018-та година, посочуваа од ФЗОМ.

„Покачувањето на здравствениот буџет е резултат на врвниот приоритет што Владата на Република Македонија го дава на здравството. Затоа се зголемени трансферите од централниот буџет. Зголемени се и приливите од придонесите како резулат на зголемената економска активност во Македонија. Исто така, рекорден износ од 16,5 милијарди денари Фондот одвои за јавните здравствени установи. Овој износ е за една милијарда и петстотини милиони денари поголем, споредено со почетниот буџет за 2018-та година за јавните здравствени установи“, информираше директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

При поединечната распределба по установа, Фондот се раководел според неколку приоритети, како на пример, одвојување на средства за неопходното зголемување на платите на медицинскиот персонал во јавното здравство, потоа нови вработувања во 2019-та година на медицински персонал во установи каде што е неопходно, изјави Дончев.

Од Фондот посочија и дека тие одвоиле два милиони евра за почеток на проектот „Интегриран информационен здравствен систем”.

„Со проектот целосно ќе бидат дигитализирани финансиските и медицинските процеси во целокупниот здравствен систем. Ова е најсложениот информатички проект кој е започнат во нашата држава и ќе трае најмалку три до четири години. Дигитализацијата ќе не чини значително повеќе од 2 милиона евра во наредните четири години, но ако правилно ја изведеме, македонските граѓани ќе добијат сопствено електронско досие, a македонското здравство ќе одговори на предизвиците на 21 век“, ифнормираат од ФЗОМ.

Спонзорирано: