12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче вети редовна испорака на лекови за тешки болести

Министерство за здравство ќе спроведе централизирана набавка за биолошки лекови кои досега ги набавувале Клиниките за онкологија и радиотерапија, хематологија, ревматологија, неврологија, од условените буџети, а станува збор за лекови кои претежно не се на позитивна листа, а токму тие се најмногу потребни за онколошките, хематолошки, невролошки и ревматолошките пациенти, со малигни, инфламаторни и автоимуни болести, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Набавуваме иновативни лекови за рак за дојка, рак на бели дробови, метастазиран меланом, хематолошки болести, лимфоми, мултиплекс склероза, ревматоиден артритис, васкулитис, исто како и во останатите земји од светот. Овие и многу други иновативни лекови ќе опфатат и голем број на пациенти, затоа што долги години немало влез на иновативна терапија во земјава“, потенцираше министерот Филипче.

Според него, централизираната набавка ќе овозможи оптимално искористување на средствата.

„Целта на оваа набавка е да се создаде заштеда, односно да се постигне подобра цена, а да се добијат најквалитетните лекови за пациентите. Со централната набавка ќе имаме редовна испорака на терапија, но и пристап до нова и иновативна терапија. Централната набавка ќе биде целосно транспарентна. Целиот процес ќе биде отворен за јавноста преку електронскиот систем за јавни набавки“, рече Филипче.

Со набавката, додаде тој, ќе се овозможи за првпат широка достапност на иновативна терапија според европските стандардни протоколи за третман, и тоа 40 молекули кои во моментот не се позитивната листа на лекови. Според министерот, проектираната заштеда само на годишно ниво ќе биде над 5 милиона евра.

Спонзорирано: