4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Еве што ќе ви помогне после пијанчење

Прекумерното пиење има и свои негативни страни – мамурлак, поспаност, деконцентрација.

Но, не научиле дека лек за мамурлак не постои. Работата е во тоа што мамурлакот е назив за последици од труење со алкохол. Можете да искусите симптоми на дехидрација, мачнина, болки во желудникот, главоболка, чувствителност на светлина и звуци, проблеми со варењето, чукање на срцето, ослабени моторички способности, проблеми со концентрација  и памтење. Не е можно веднаш да се ослободите од мамурлакот, но можно е да го забрзате чистењето на организмот, делумно да ги ублажите симптомите и едноставно – да причекате да помине.

И покрај тоа, луѓето и натаму бараат совршен лек за мамурлак. Така на социјлната мрежа Реддит корисниците се ангажирале и секој напишал и објаснил свој омилен лек за мамурлак. Некои предлози навистина имаат смисла, но некои се прилично бизарни, пренесе Индепендент.

Еве кои се предлозите кои добиле најмногу обожаватели:

Инфузија

Без премногу филозофија, веднаш „во глава“ – корисниците се сложуваат дека освежувањето на електролитите и витамините во телото директно со инфузија е најдобра опција. Со оглед на тоа што дехидрацијата е главен причинител на мамурлакот, идејата воопшто не звучи лудо, но иако најбрзо ќе го надоместите она што на телото му недостасува, тоа не е и наједноставната опција.

Сок од кисели краставички

Неколку корисници тврдат дека течноста во која се киселат краставички е најдобриот лек за мамурлак кој некогаш го имале во фрижидерот. „Мојот вујко од Полска се колне дека тегла сок од кисели краставички го лечи секој мамурлак“, напишал еден корисник.

Детски напивки за рехидрација

На трето место на „лекови“ против мамурлак се најдоја детските напивки за рехидрација.

Irn-Bru

Најпродаваниот безалкохолен пијалок во Шкотска кој често го нарекуваат и „втор национален пијалок“ (после вискито, секако) за многумина послужува и ден после лудата ноќ. Овој газиран пијалок содржи и доста железо, па Шкотите го користат против мамурлак.

Снег

Некои се колнат дека снегот е апсолутно најдобар од сите лекови против мамуралк. „Ако имате при рака, изедете малку снег. Знаев да бидам толку мамурен што по цел ден не можев ништо да јадам. Откако ќе изедев снег, бев како нов. Водата ме рехидрира, а студот ми ги прочистува синусите. Оценка 10!“