11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Дали Дедо Мраз е комунист во душата? Еве 13 факти кои тоа го потврдуваат

Единствената дилема која денес постои во врска со Дедо Мраз е дали тој навистина постои. Некој верува, а некој не. Децата се тие кои веруваат и на него гледаат како дедо со голема брада кој им носи подароци.

Некои по малку духовито и иронично си поиграа со Дедо Мраз па го прогласија и за комунист во душата. Еве ги нивните докази…

1. Тој врши прераспределба на имот.

2. Секој според своите можности (џуџињата), секој според потребите (децата).

3. Носи црвено цело време.

4. Тој тежнее да го наруши приватниот имот, влегувајќи неповикан во домовите на луѓето, претставувајќи продолжена рака на државата.

5. Надгледува високо-централизирано масовно производство на играчки.

6. Инвестира во транспортна инфраструктута (санка) како би ја подобрил дистрибуцијата на роба за народот.

7. Неговиот проект не би бил можен без масовен надзор на населението – листа, кој е, а кој не е добар.

8. Песни (новогодишните песни) во слава на лидерот (Дедо Мраз) се слушаат низ цела земја.

9. Сите домови и јавни места се украсени со слики од Дедо Мраз.

10. Има голема брада.

11. Има по малку нетрпелив однос со црквата.

12. Управува со фабрика.

13. Добивката која ја остваруваат џуџињата низ својата работа, тој не ја присвојува лично туку ја користи за општо богатење на сите.

Спонзорирано: