19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брисел повторно ја повика Приштина да ги повлече таксите

Европската Унија ја повика Приштина повторно да ја разгледа одлуката и да ги повлече таксите на стоката од Србија и Босна и Херцеговина.

„Сакаме да ја повториме порака на ЕУ дека воведувањето такси не придонесува за добри соседски односи и дека тоа е во спротивност со претходно дадените ветувања на Косово во врска со регионалните интеграции и преземените обврски од Договорот за стабилизација и придружување“ навела канцеларијата на ЕУ во Приштина, реагирајќи на новото воведување на такси од 100 отсто на стока од странски брендови, пренесе „Клан Косова“.

Поради тоа бараме од Приштина повторно да ја разгледа својата одлука и да ги повлече таксите, што би била правилна одлука во напредокот на Косово и нејзините граѓани во европските пазари, сега и во иднина, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: