12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

30-дневен притвор за битолчанец поради поседување оружје и дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против Е.М.(38 години) од село Будаково, општина Могила, поради постоење основано сомнение дека пријавениот извршил кривично дело „неовластено прозводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” казниво по член 215 и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” казниво по член 396 став 1 од Кривичниот закон на Р Македонија, инфомираат од полицијата.

Од МВР посочуваат дека на 28 декември бил извршен претрес во неговиот дом и притоа била проанјдена една патничка торба со шест паковки, завиткани во најлонска и селотејп-лента со вкупна тежина од околу 5,5 килограми марихуана и пиштол за кој пријавениот не поседувал дозвола. На пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Спонзорирано: