18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

За оваа приказна потребна ви е само една минута, а ќе ја памтите секогаш

Еден ден, еден слеп човек седел на скали крај една зграда, со шешир близу своите стапала и со еден натпис на кој пишувало: „Слеп сум, ве молам пружете ми помош“.

Еден случаен минувач, експерт за реклама, кој тука поминувал, запрел забележувајќи дека во шеширот се наоѓаат само неколку парички.

Се наведнал за да му даде пари, а потоа, без прашање за дозвола, го земал картонот, се свртил испишувајќи нов натпис.

Попладнето, случајниот минувач се вратил до слепиот човек и забележал како неговиот шешир е полн со пари. Слепиот просјак, препознавајќи го по чекорот, го прашал дали е тој кој нешто напишал на картонот и што е тоа што го напишал.

На тоа минувачот одговорил: „Не напишав нешто што не е вистина…, само ја напишав твојата порака на поинаков начин“, се насмевнал и се изгубил во гужвата. И така слепиот човек не дознал дека натписот едноставно гласел: „Денес е убав ден… а јас не можам да го видам.“

Спонзорирано: