10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сашо Мијалков уште е во Шутка – Судот со неочекуван потег

Кривичниот суд го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување мерка куќен притвор за ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, осомничен во случајот „Империја“.

Од судот велат дека предлогот за Мијалков е некомплетен и го вратиле на доуредување.

“Во однос на предлогот за укинување на мерка притвор и предлог за определување мерка куќен притвор со мерки за претпазливост во случајот од обвинителството означен како ‘Империја’, од страна на судија на претходна постапка е утврдено дека истиот не е компелетен и е вратен на доуредување кај најдлежниот обвинител“ информираа од кривичниот суд.

Спонзорирано: