20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Протече во јавност писмото кое го напиша Бејли

Американскиот амбасадор, Џес Бејли, пред 10 дена испратил писмо до претседателите на Апелациониот, кривичниот и Врховниот суд, како и до министерката за правда, Рената Дескоска, и претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски. Откако во јавноста се дозна за писмото, кривичниот суд денеска го објави во целост.

Во писмото Бејли бара помош од судиите поради, како што вели, прашање што го загрижува, а се однесува на псотојани лажни шпекулации со наводи дека Амбасадата на САД влијае врз судии.

„Во изминатите седмици на моите колеги и мене во повеќе наврати ни беше кажано дека судии наводно припишувале одлуки донесени во тековни судски предмети, истраги и притвор на ‘инструкции на Американците’. Ништо не би можело да биде подалеку од вистината“, пишува Бејли.

Тој додава дека САД поддржуваат и се залагаат за независност на македонското судство. „Ние веруваме дека судиите треба да донесат одлука врз основа на важечките закони и дозволени докази, а не врз основа на какви било политички проценки или интервенции од некоја политичка или владина личност“, вели Бејли.

Тој пишува дека е длабоко вознемирен од, како што вели, ваквите постојани лажни шпекулации, со оглед на посветеноста на САД за независно судство.

„Со цел да помогнете да се разобличат ваквите лажни наводи, Ве молам да ја споделите содржината на ова писмо со вВашите колеги судии со цел тие да се уверат дека нашата позиција е и ќе остане иста, а тоа е дека тие се независни во применувањето на законот и дека ништо друго освен фактите и законот не треба да влијае на нивните одлуки“, пишува Бејли.

Спонзорирано: