Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Фина млечна погача: Кората крцкава, а внатрешноста мека и мирисна (Видео)

За љубителите на вкусни погачи еве еден одличен предлог…

Состојки: 300 мл млеко; 1 лажица шеќер; 500-600 гр брашно; 100 гр маргарин со млеко; сол; масло; 20 гр квасец; 2 јајца; 1 жолчка; семки; крупна сол

Начин на подготовка:

Квасецот растворете го во малку млако млеко, додајте лажица шеќер, јајца, масло, остатокот од млекото, брашно, сол и замесете глатко средно тврдо тесто. Оставете да нарасне околу 30 минути.

Развлечете го на маса и поделете го на два дела. Првиот дел развлечете го што потенко во голем правоаголник.

Премачкајте тенко со маргарин. Развлечете го и другиот дел од тестото и исто така намачкајте го со маргарин и ставете го преку првиот. Свиткајте во голем ролат. Со остар нож пресечете го ролатот на половина по должина и свиткајте го во плетенка. Округлиот плех обложете го со хартија за печење, ставете ја погачата и оставете ја да нарасне.

Премачкајте со жолчка и посипете со семки и крупна сол.

Печете на 200 степени околу 35-40 минути.

Деталите за подготовка погледнете ги во видео рецептот на „Бабина кујна“: