Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Елена Ристеска: Стравував за својот живот, почна да ми доаѓа на врата

Поп-ѕвездата Елена Ристеска пред неколку години била принудена да побара заштита од полицијата откако повозрасен човек со денови ја вознемирувал, пишува Женски магазин.

-Ми пишуваше дека вселената нѐ предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои нѐ вознемируваат, објасни Ристеска пред неколку месеци.

Низ годините ѝ се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки. На автомобилот често наидувала на пораки на кои пишува: „Елена те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“.

-Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Кога ќе се налутат ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно, раскажа пејачката.

фото: Официјална Facebook страница на Елена Ристеска

Во тренд…