13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Обвинителството пристигнале 66 барања за амнестија, одобрени се 12

Од Основното јавно обвинителство соопштија дека денеска пристигнале 66 барања за амнестија, од кои одобрени се 12.

„Во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. До Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените барања се доставени до надлежните обвинители кои постапувале по предметите. По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот“, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Од утре почнува да тече петдневниот рок за одлучување на судот. По одлуката на судот, оние на кои нема да им биде прифатено барањето за амнестија, имаат три дена за да поднесат жалба. Сѐ уште не се знае кој ќе одлучува за барањата – дали кривичен суд или судечкиот совет на чело до Добрила Кацарска.

Спонзорирано: