11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ѓорчев до Заев: Не ви се доволни еден куп советници, сега ви фалат и заменици директори?!

Господине Заев, зарем не ви беа доволни 30 министри, 50 советници, еден куп координатори, портпароли, па сега ќе вработувате и стотици заменици директори во јавни претпријатија, му рече на премиерот пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, на седницата за пратенички прашања.

„Ова е уште едно ваше партиско пазарење, воведувате стотици нови функционери кои ќе добијат возачи, телефони, секретари, бенефиции. Ова е срамен предлог, сакате да го протуркате на мала врата. Граѓаните заради вашите дилови ќе издржуваат куп партиски војници. Дали вашиот план го предвидува ова или беше само трик да ги трошите нивните пари како сакате. Малку ви се овие 101 заменик, па ставивте амандман да се вработуваат и на локално ниво. Срамно е ова и скандалозно што го туркате во предвечерјето на празниците“, рече Ѓорчев.

Премиерот Заев рече дека со оваа одлука ќе се подобреле услугите кон граѓаните.

„Замениците нема да седат, ќе си вршат работа, ќе преземат одговорност кога директорот не тука. На овој начин ќе се дуплира услугата кон граѓаните. Ваквите трошоци се минорни во однос на потребите на граѓаните. Не треба да се прави јавна фама од ова. И овој процес ќе биде транспарентен и согласно реформите во јавната администрација“, рече Заев.

Пратеникот Ѓорчев не беше задоволен од одгворот и уште еднаш од говорница побара да се повлече според него скандалозниот закон. Ѓорчев го праша премиерот и Владата за партиски вработувања, односно дали сите конкурси се наместени и за нив одлучува штабот на СДСМ.

Заев рече дека се правела беспотребна драма и дека сите конкурси биле транспарентни, а јавната администрација им служела на граѓаните. Премиерот додаде дека биле отворени 47.000 работни места во приватниот сектор.

Спонзорирано: