4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Собранието донесе три закони по скратена постапка, седницата продолжува в петок

Во Собранието попладнево по скратена постапка беа донесени законот за задолжителнo капитално финансирано пензиско осигурување, законот за пензиско и инвалидско осигурување и законот за лекови и медицински средства. По донесувањето на законот за лекови, претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја прекина седницата и го најави продолжението в петок.

Опозцијата го критикува донесувањето на закони по скратена постапка. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека ниту еден пратеник немал време да ги прочита сите закони.

„Да се тргнат барем четири точки од дневниот ред што се предлагаат по скратена постапка од приниципиелни причини“, побара Димовски, но неговите предлози беа отфрлени.

Претходно, на денешната седница Собранието ги разреши двајцата министри без ресор за имплементација на Стратегијата за Ромите во Република и за странски инвестиции во Владата, а на нивно мето беа назначени нови.