Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ИнтервјуТОП ВЕСТИ

Интервју со Љупчо Димитриевски, Директор на ЈУ Центар за социјална работа Ресен

Centar.mk интервју со Љупчо Димитриевски, Директор на ЈУ Центар за социјална работа Ресен

Во врска со Кампањата за зголемување на бројот на згрижувачки семејства, што се одвиваше на национално и на локално ниво, Ве молам кажете ни која е целта на оваа кампања?

– Министерството за труд и социјална политика и Уницеф ја почнаа кампањата „На секое дете му треба семејство“, која има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи и да им овозможат на сите деца да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов. Целта на кампањата е да поттикне поддршка за алтернативна грижа за децата наспроти сместувањето во големи институции и да даде поддршка да се стави крај на сместувањето на деца помали од три години во големи институции до 2020.

Кажете ни нешто за оваа форма на згрижување и заштита?
– Правото на сместување во згрижувачко семејство се остварува за лица кои немаат услови за живот во своето семејство или од други причини им е потребно сместување во згрижувачко семејство.

Согласно актуелниот Закон за социјална заштита, право на сместување во згрижувачко семејство се обезбедува на деца без родители и родителска грижа, деца со воспитно – социјални проблеми, деца – жртви на семејно насилство, малолетни сторители на кривични дела и лица со умерени и тешки пречки во менталниот развој, лица со длабоки пречки во менталниот развој и лица со трајна телесна попреченост на кое му е потребно трајно згрижување и нега.

Кои семејства може да станат згрижувачки семејства?
– Сите семејства кои исполнуваат определени услови може да станат згрижувачки семејства. При изборот на згрижувачко семејство, Центарот за социјална работа, се раководи од индивидуалните потреби на детето и неговата возраст, здравствените и моралните подобности на семејството, степенот на образованието, материјалните и станбените услови на семејството, како и од можностите на семејството за згрижување на деца (возраст, образовен статус, брачен, семеен статус, материјалните и станбените услови во кои живее семејството). Во вршењето на оваа функција згрижувачите имаат поддршка од центрите за социјални работи.

Дали згрижувачките семејства имаат некакви привилегии?
– Згрижувачите добиваат соодветен паричен надоместок за извршување на оваа функција. Исто така, лицата кои во континуитет од пет години имале згрижено дете по навршување на одредена возраст од 65 години се стекнуваат со право на пензија.

Каде може да се обратат лицата кои сакаат да згрижат дете во своето семејство?
– Лицата, односно семејствата кои сакаат да згрижат дете можат да се обратат во Центарот за социјална работа – Ресен или на телефонскиот број
047/451-419.

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе