Македонската полиција ја потврди веста на Centar.mk за страшната сообраќајка која што се случи синоќа кај Катланово.

Полицијата информира дека вчера во 17 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово Г.М.(72) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал.

Извршен е увид на местото на настанот.