15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Запленет накит вреден 450 илјади евра

При детален преглед на рачниот багаж на турски државјанин во царинската подружница Аеродром „Скопје“ – патнички промет, на влез во Република Македонија, царинските службеници во патната торба пронашле непријавена стока – златен накит. Инцидентот се случил на 18 декември.

Запленетиот накит е од бело злато во комбинација со голем број брилијанти, кој, според наодот од страна на судски вештак, е квалификуван како ексклузивен златен накит со продажна вредност од 450 илјади евра.

Против осомниченото лице од страна на Царинската управа поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело шверцување, а од страна на судија во претходна постапка одредена му е мерка притвор од 30 дена.

Во врска со случајот Царинската управа соработува и со други царински администрации во регионот и пошироко, со цел обезбедување дополнителни информации за индициите што произлегоа од фактите утврдени во досегашната истрага, а кои наведуваат на сомнение дека осомниченото лице можеби дејствувало и во други земји, освен во Република Македонија.

Спонзорирано: