10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Познат божикен хит на Мараја Кери ѝ носи заработка од 625 000 фунти годишно

Еден од најпопуларните божикни хитови, All I Want For Christmas Is You, е снимен во 1994 година, а американската пејачка Мараја Кери (48) со изведбата на овој хит се најде на врвот на музичките топ-листи.

Сето тоа се повторува секоја година за Божик.

Без оглед на фактот дека песната е објавена пред 24 години, All I Want For Christmas Is You сè уште се емитува на радиостаниците.

Американската пејачка секоја година на својот најголем божикен хит заработува голема сума пари, а само оваа година All I Want For Christmas Is You ѝ донесе 625 000 фунти.

Иако пред тоа објави три албуми, за својата популарност Мараја може да му се заблагодари токму на овој хит, кој го направи во соработка со музичкиот продуцент Валтер Афанасиеф (60).

All I Want For Christmas Is You е само една од многуте божикни песни кои се најдоа на албумот на тогаш 23-годишната пејачка. Божикниот албум Merry Christmas го снимила откако ја наговорил нејзиниот сопруг Томи Мотола (69) со кого била во брак пет години. Независно од тоа што заработката од продажбата на албумот на американската пејачка била заедничка, брачните проблеми превладале, и двојката во 1998 година одлучи да се разведе.

Спонзорирано: