12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба за настаните и животот во Македонија за време на Првата светска војна

Во Музејот на македонската борба точно напладне ќе биде отворена изложбата „Спомени од Првата светска војна“ со која музејот одбележува 100 години од крајот на еден од најкрвавите и најдраматични настани од светската историја.

Со поддршка на Министерството за култура, тематската мултимедијална изложба ги опфаќа најзначајните настани, процеси и сведоштва од Големата војна во Македонија.

„Преку различни видови и форми – документарни материјали, фотографии, лични сведоштва, поткрепени со богат музејски фонд, изложбата ги презентира војничкиот живот, но и животот во време на војна од наша, автентична, перспектива“, наведуваат од музејот во најавата за изложабата.

На отворањето на изложбата ќе говорат министерот за култура, Асаф Адеми, и францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние.

Спонзорирано: