9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Хрват со електрична пила ја нападнал сопругата и ја оставил без два прста

Осумдесет и едногодишен Хрват со електрична пила ја нападнал неговата 70-годишна сопруга, ја бркал по целата куќа при што ѝ исекол два прста. Неговата постапка ги шокирала сите во семејството, но и соседите, кои велат дека станува збор за многу мирен човек.

Како што пишуваат хрватските медиуми, нападот се случил во селото Коритна во непосредна близина на Ѓаково. Старецот најпрво ја заклучил сопругата во собата, по што ја нападнал со електрична пила. Сведок на шокантната случка бил синот кој ја слушнал својата мајка како вреска зад заклучената врата, по што ја обил вратата и влегол внатре. Таму го забележал својот очув, 81-годишниот Јожо, кој со електрична пила ѝ нанел повреди на жената. Таа бегала избезумено, со повреди на главата и на вратот, а на рацете ѝ биле исечени два прста.

Тој успеал да го оттргне очувот од собата, по што била повикана полиција и итна помош. 70-годишната Анкица е однесена во болница и задржана на интензивно лекување, а нејзиниот сопруг е притворен.