3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ Штип: СДСМ прво ја постави лизгалницата, па објави тендер

Новопоставената лизгалница на плоштадот, уште пред да ја отвори, криминалното раководство на СДСМ, ја обви со матни зделки. Лизгалницата беше поставена на 20.12.2018 година, за кое може да посведочи секој граѓанин во нашиот град, меѓутоа тендерската понуда беше отворена наредниот ден, на 21.12.2018 година во 09 часот, рече Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа прашуваме како е можно, компанија која уште не е избрана на тендер, да врши работи за Општина Штип? Како е можно компанијата да знае дека е одбрана уште пред да и биде одобрена понудата? Како е можно да се вршат услуги без да е потпишан договор и без да е добиен налог за работа? Како е можно проценетата вредност на тендерот да е идентична со понудената сума од компанијата?“, праша тој.

Јорданов го повика јавното обвинителство и МВР да го истражат случајот.