23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

(Видео) Го прашаа Путин дали ќе се жени, тој одговори дипломатски

На годишната конференција за новинари рускиот претседател, Владимир Путин, одговараше на секакви прашања, но едно од нив го изненади.

„Кога имате намера да се жените и со кој?“, го праша новинар од таблоидот „Лајф њуз“.

Путин се насмевна и одговори: „Како секоја пристојна личност, ќе морам да го направам тоа порано или подоцна“.

Иако не открил која ќе биде неговата идна сопруга, во медиумите се шпекулира дека станува збор за неговата наводно долгогодишна девојка Алина Кабаева (35). „Дејли мејл“ пишува дека токму Кабаева издејствувала на Путин да му биде поставено ова прашање за да го поттикне да се ожени со неа.

Веќе десет години се зборува дека Путин и Алина се во врска, а таа од 2008 година во јавноста не е забележана со маж. Во неколку наврати е видена со прстен на рака, но никогаш не е официјално потврдено дали таа ќе биде идната прва дама на Русија. Алина е гимнастичарка со два олимписки медала, модел и филмска глумица.

Лани медиумите дури пишуваа дека тие се веќе во брак и дека имаат деца.

Путин се разведе од Људмила во 2014 година. Со неа беше во брак од 1983 година и имаат две ќерки.

Спонзорирано: