3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
Први вестиМАКЕДОНИЈА

Прва жртва на играта „Синиот кит“ во Македонија – тинејџер си го одзеде животот

Четиринаесетгодишно момче од кочанското село Кучичино си го одзеде животот со бесење, објави телевизија Телма.

Според информациите кои ги објави телевизијата, момчето на 16-ти ноември било на училиште до 13 часот, откако се вратило во својот дом, по неколку часа неговата баба го пронашла во шупата.

Не оставил писмо, зошто тоа го сторил? До редакцијата на емисијата КОД  пристигнала анонимна дојава  од жител од овој регион дека  момчето е првата жртва на видео играта Синиот Кит.

Во текот на утрешниот ден се очекуваат детали од институциите за настанот.

Спонзорирано: