11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ први ја иницираа темата за привилегии на пратениците

СДСМ самите ја иницираа темата за посебни повластици на пратениците, но кога се соочија со револтот на јавноста и граѓаните почнаа да ретерираат и да си ја ишкаат мувата од капата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, за ставот на СДСМ дека пратениците се доволно привилегирани.

„Тоа е стилот на аболицираниот Зоран Заев и криминалниот картел собран околу него.
Наместо да работат во интерес на граѓаните, тие отвораат теми со цел да ја манипулираат јавноста и да дефокусираат од суштинските проблеми кои ги мачат граѓаните како и од погрешните и штетни политики кои како Влада ги водат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што Заев и СДСМ отвораат вакви теми, додаваат од партијата, креираат магла со која потоа манипулираат и бараат начин како да ја покријат својата неспособност, немањето капацитет и неработењето.

„Правата и одговорностите на пратениците се доволно добро уредени. Унапредувањето на нивните бенефиции не само што нема да го подобри животот на граѓаните, туку напротив ќе предизвикаат дополнителни буџетски импликации. Народните пари треба домаќински да се трошат за потребите на народот за изградба на училишта, болници, патишта, а не за каприци на СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: