10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Македонски автори на стрип-фестивал во Пожаревац

На Фестивалот на стрип и карикатура, или скратено „Стрика фест 2018“, кој вчера се одржа во српскиот град Пожаревац, покрај домашните стрип-творци, не изостанаа и од Македонија.

Меѓу мноштвото изложени дела, на изложбата поставена во холот на Центарот за култура во Пожаревац, посетителите имаа можност да се запознаат и со анти-воениот стрип од 12 табли – „Надежта е нешто пердушесто“, кој по сценарио на Александар Стеванов го илустрира дипломираниот ликовен уметник Дарко Богданов.

„Стрика фест“, кој годинава се одржува по вторпат, е во организација на здружението „Креативна оштрица“, а е реализиран со финансиската поддршка на Градот Пожаревац.

Освен изложбата, во склоп на фестивалот одржани беа и работилници за карикатура и стрип, а на берзата составена од неколку штандови, вљубениците во деветтата уметност имаа можност да се запознаат и со најновите стрип-публикации.

Спонзорирано: