11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција издаде налог за апсење на 39 лица осомничени дека се „ѓуленисти“

Турција издаде налог за апсење на 39 лица поради нивна наводна поврзаност со мрежата на проповедникот, Фетулах Ѓулен, кој Анкара го обвинува за организирање на обид за државен удар.

Како што пренесува агенцијата „Анадолија“, обвинителството издаде налог за апсење на осомничените кои наводно ја користеле апликацијата „Бајлок“ (ByLock), за која Анкара тврди дека ја користеле припадниците на ѓуленовата група.

Турските власти тврдат дека Ѓулен, исламски проповедник кој живее во САД, стои зад неуспешниот обид за државен удар во јули 2016 година, кога загинаа 251 лице, а повредни беа околу 2.200 луѓе.

Властите на Турција оттогаш уапсија десетина илјади граѓани поради нивните наводни врски со Ѓуленовата мрежа или терористички групи, а од јавните установи отпуштени беа повеќе од 110.000 лица.

Спонзорирано: