9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазен пешак во Гостивар

Пешак загина во сообраќајна несреќа што вчера се случи во Гостивар на улицата Браќа Ѓиноски.

Како што информираа од МВР, товарно моторно возило „мерцедес“ со приколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 52-годишен гостиварец, со иницијали А.Т., удрило во 65-годишен пешак исто така од Гостивар.

Од добиените повреди на местото на настанот починал пешакот. Извршен е увид на местото на настанот. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Спонзорирано: