11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Божикните честитки на британското кралско семејство наидоа на критика

Британското кралско семејство им испрати на граѓаните најубави желби за Божик, но нивните честитки беа подложени на остра анализа од будното око на јавноста.

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила Паркер неодамна ја објавија својата божикна честитка во вид на фотографија на која среќната двојка седи на дрвена клупа, а Камила е во истиот фустан што го носеше за седумдесеттиот роденден на својот сопруг, па се претпоставува дека честитката е направена тогаш.

Војвотката од Корнвол носи бел фустан од креаторката Фиона Клер и двојката нежно се држи за раце. Имајќи предвид дека голем дел од британската јавност не ѝ е премногу наклонета на Камила, многумина им забележаа за големото количество фотошоп.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон објавија честитка на која се со своите три деца, а принцот Луис првпат се појавува.

Познавачите на правилата на дворот и ним им најдоа грешки. Имено, најстарото дете, принцот Џорџ, на сликата се појавува во долги панталони, а кралските правила налагаат принцовите во секоја пригода да носат покуси.

Спонзорирано: