12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНОИЗБОР

Шилегов во посета на Подгорица

Градоначалникот Петре Шилегов и претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, престојуваа во еднодневна официјална посета на градот Подгорица, Црна Гора, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Подгорица.

Во Подгорица Шилегов и Јанчева положија цвеќиња на Споменикот на партизанот борец на ридот Горица, присуствуваа на свечената седница на Советот на Град Подгорица, како и на откривањето на споменикот на Јосип Броз – Тито во паркот на брегот на Морача, соопшти Град Скопје.

Скопје и Подгорица се збратимени од 2008 година и оваа година одбележуваат 10 години од збратимувањето. Од прес-службата на Градот додаваат дека двата града негуваат плодна соработка во повеќе области, особено во областа на културата, уредувањето на просторот, прашањата од комуналната сфера, туризмот и заштитата на животната средина.

Делегација од градот Подгорица предводена од градоначалникот Иван Вуковиќ во ноември годинава присуствуваше на одбележувањето на 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје.

Спонзорирано: