8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Беспилотните летала над „Гетвик“ не се поврзани со тероризам

Британската полиција објави дека беспилотните летала над лондонскиот аеродром „Гетвик“, кои беа забележани над аеродромот во текот на ноќта, не се поврзани со тероризам.

„Ние веруваме дека станува збор за ненамерен акт, чија цел е попречување на воздушниот сообраќај. Не постојат индикации дека може да има врска со тероризам“, изјави полициски командант.

На вториот најпрометен британски аеродром, сообраќајот беше во прекин минатата ноќ, со што беа погодени околу 10.000 патници.

Аеродромот „Гетвик“ во Лондон доцна синоќа беше затворен бидејќи две беспилотни летала биле забележани како прелетуваат над пистата. Поради сомнителните беспилотни летала, откажани беа сите летови, што предизвика големи проблеми поради тоа што се приближуваат божикните празници, пренесува АП.

Голем број патници се жалеле преку социјалните мрежи дека слетале на „Хитроу“ и на аеродромите во Манчестер, Бирминген и други градови, а некои напишале, наместо во Лондон, да слетале во Франција или Холандија.

Аеродромот „Гетвик“ им порача на патниците преку „Твитер“ да го проверат распоредот на летови пред да тргнат на аеродром. Во официјалното соопштението аеродромот им се извинува на патниците со образложение дека безбедноста е на прво место.